Унгарија се подготвува за укинување на рестрикциите кога ќе имунизира половина од своите граѓани

Унгарските власти ќе ги укинат ковид-ограничувања откако бројот на вакцинирани ќе надмине пет милиони луѓе. Ноќниот полициски час, носењето маски на отворено и социјално дистанцирање ќе бидат укинати веднаш штом бројот на имунизирани надмине половина од вкупниот број на населението соопштија унгарски владини портпароли. Неопходно е постепеното укинување на мерките, а некои од олеснувањата ќе важат само за вакцинираните информираат властите.

Сепак, физичкото дистанцирање и носењето маска ќе останат задолжителни во трговските центри, а и носењето маска ќе остане задолжително на затворено-јавниот превоз и продавниците. Младите помеѓу 16 и 18 години ќе можат слободно да посетат угостителски објекти со потврда за примени две дози вакцина без придружба од возрасен.

Свадбите ќе бидат ограничени на 200 лица, додека 50 лица можат да присуствуваат на приватни и семејни настани. Ќе се укине и забраната за музички и танцови настани но само за имунизираните. На  културни и спортски настани, на отворено може да присуствуваат повеќе од 500 луѓе со сертификати за имунитет. Ограничувањата за групирање на отворено ќе се укинат по 14 јуни.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста