ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ ЈАВНО И СЕ ИЗВИНИ НА АЛФА ЗА ПРОПУСТОТ СО НЕПОВИКУВАЊЕТО НА ЧЕСТВУВАЊЕТО ВО РИМ

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски конечно испрати извинување до Алфа поради изоставувањето на претставници на телевизијата за време на посетата на шефот на државата на Италија, а по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“.

Неколку дена откако информативната редакција реагираше поради непоканувањето на овој значаен настан, а на кој беа присутни останатите национални телевизии, како и други медиуми, од кабинетот на претседателот објаснуваат дека во никој случај не станувало збор за селективен пристап, калкулација или тенденциозен избор на медиумски екипи, туку исклучиво логистички и технички пропуст за кој јавно се извинуваат.

-Кабинетот на претседателот во континуитет се залага за воспоставување и за градење транспарентен и партнерски однос со сите медиуми во нашата држава, со цел навремено, точно и прецизно информирање на јавноста. Впрочем, тоа е една од главните одлики на претседателот Пендаровски, подготвеноста за постојана комуникација со претставниците на медиумите и неговата достапност за одговор на кое било прашање од јавен интерес, се вели во писмото-извинување од кабинетот на шефот на државата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста