Туристичките работници бараат приоритет во вакцинирањето

Дали Македонија ќе се најде на мапата на земји безбедни за патување зависи од тоа како ќе тече имунизацијата во нашата држава која сеуште не е ни почната. Доколку тоа не се случи час поскоро, Македонија ќе остане слепо црво и единстена земја во регионот која нема да поседува сертификат за безбедност – укажуваат од Хотелската асоцијација на Македонија. Тие бараат од државата при вакцинирањето да им се даде приоритет на туристичките работници чија бројка изесува од 15 до 20.000. Тоа го бараме за да покажеме пред светот дека барем колку толку, сме безбедна дестинација, велат од ХОТАМ. Не смееме, велат, нити да помислиме дека вакцинацијата нема да почне најдоцна идниот месец.

„Ние само даваме еден апел за нештото да биде успешно,ова мора да се спроведе. Мора да се спроведе, бидејќи ако не биде спроведено нема да имаме една безбедна дестинација, гостинот нема да ја осеќа таа безбедност кога ќе треба да допарува или кога ќе треба да се одлучи дали да патува во Македонија“, рече Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ.

Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, се тешат оти вакцинацијата не одела лесно нити во европските земји. Кажуваат дека создале неколку т.н. зелени коридори со Србија, Албанија, Косово и Турција каде што за влез и излез не е потребно проложување на ПЦР тестови и тие можат слободно да влегуваат во нашата земја. Но ова вопшто не звучи оптимистички во однос на реалноста.

„Но рестрикциите од страна на ЕУ и одредените уште позатегнати протоколи кога се патувањата во прашање, барем во првиот квартал за 2021-ва година, не даваат оптимистички резултати. Очигледено дека вакцината е релативизирање на состојбата“, вели Љупчо Јаневски, директор на Агенција за промоција и поддршка на туризам.

Кога станува збор за протоколите, хотелиерите покрај актиелните протоли, ќе треба да вршат и озонирање на собите, а лицата кои ќе го прават тоа,да бидат вакцинирани. Кога веќе треба да издаваме сертификти и за озонирање, нека се најде начин како безбедно да се послужува шветска маса, велат хотелиерите, како што тоа се прави во Труција.

И во една ваква ситуација кога во државава не стигнала ни една вакцина, а туризмот бележи огроми загуби, Агенција за промоција и поддршка на туризам од 15 март ќе започнела со промотивни ативности и кампањи во земјава и регионов.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста