Третина од децата во Македонија на возраст од 6 до 9 години живеат со дебелина

Третина од децата во Македонија на возраст од 6 до 9 години живеат со дебелина

Во Македонија една третина од луѓето се обезни. Наместо салати – брза храна полна со адитиви, сол и шеќери, наместо шетање и трчање, седење пред компјутер и на мобилен телефон, покрај метаболичките заболувања и модерните навики се еден од најголемите причини за прекумерна тежина.Докторите предупредуваат дека дебелината е веќе пандемија, не е само болест на возрасната популација, туку и на детската.Над 30 отсто од децата на возраст од 6 до 9 години живеат со зголемена телесна тежина, а 13,8 посто се со дебелина или екстремна дебелина.

Докторите алармираат и дека потребна е итна национална програма за обезноста.Тие препорачуваат превенција од мали нозе, препознавање и навремено лекување на дебелината.

Во Македонија има само два центри за обезност, и тоа на Клиниката за ендокринологија и во ГОБ “8 септември”, а во најава е отворање и на центар за оваа проблематика на Детската клиника.

Според регистарот на “Мој термин” во земјава евидентирани се 14.000 обезни луѓе, но таа бројка во реалноста е многу поголема.А најтешкиот пациент има 185 килограми.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста