Тоа што МНР го крие на македонски, му се испушта на албански: конечно одговор за хонорарите на историската комисија

Тоа што МНР го крие на македонски, му се испушта на албански: конечно одговор за хонорарите на историската комисија

Повеќе од 1000 евра месечно легнуваат на сметките на Никос Чаусидис, Људмил Спасов, Ана Чупеска, Далибор Јовановски, Фахри Рамадани и Кица Колбе – и 1200 евра на сметката на Виктор Габер. За 60 месеци работа во комисијата за ревизија на историјата по грчки терк, секој еден од овие луѓе, од парите на граѓаните, за 5 години заработил над 60 илјади евра.

Од министерството за надворешни работи се обида да ги сокријат овие податоци во одговорите на нашите барања за пристап до информации од јавен карактер, но, Алфа ТВ конечно дојде до договорите, склучени помеѓу нив и МНР. Тие и овој пат, преку цензурирање на дел од информациите, направиле обид да ги сокријат овие податоци од јавноста, но, во двојазичниот документ, тоа изумиле да го сторат и во делот на албански јазик.

Покрај високите плати кои ги добиваат од граѓаните, на членовите на ова тело им се покриени и патни трошоци, но и дневници за секое службено патување, кои од МНР се уште ги кријат.

Можеби по спорно од високите надоместоци кои ги земаат овие луѓе се огрничувањата и тајноста на нивната работа. Во договорите, каде покрај нивниот, стои потписот и на Бујар Османи, тие не смеат ништо да кажат за нивната работа.

Член 8 од договор за ангажирање членови за историски и образовни преговори со Грција

„…Сите податоци и информации кои ќе ги дознае во текот на работењето, како и по евентуалното престанување на овој договор да ги чува како деловна тајна. Без претходна писмена согласност од страна на Министерството, истите не смее да ги стави на било кој начин на располагање на трети лица.“

Алфа ТВ се обиде да добие одговори лично и од член овите на комисијата. Но, тие ни порачаа став да побараме од побараме од предводникот на ова тело, дипломатот Виктор Габер, кој пак не се одважи да одговори на нашите телефонски јавувања и писмени дописи, со цел да ја оправда платата која ја зема од граѓаните.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста