Американците против поддршката на администрацијата на Бајден за Израел во војната против Хамас

Американците против поддршката на администрацијата на Бајден за Израел во војната против Хамас

Со децении, САД се обидуваат да посредуваат во конфликтот меѓу Израелците и Палестинците околу земјата, контролата на верските објекти и суверенитетот.

Во 1993 година, ветувачки момент во Белата куќа, кога израелскиот премиер Јицак Рабин и преговарачот на Палестинската ослободителна организација Махмуд Абас потпишаа декларација за самоуправа, вообичаено наречена „Договор од Осло“.

Мирот изгледаше блиску, но Палестинците го прекршија договорот, според поранешниот помошник секретар за одбрана на САД Лоренс Корб, кој беше сведок на потпишувањето.

Корб, сега висок соработник во Центарот за американски прогрес, за Гласот на Америка, вели дека сè уште верува во решение со две држави, но под ново палестинско раководство.

Сега Палестинците треба да се обединат. Нивниот лидер, Махмуд Абас, тој е премногу стар. Не може да биде ефикасен. Мора да добијат друг лидер. И ако може да излезе посебна палестинска држава од оваа ужасна ситуација, тоа ќе биде навистина значајно достигнување и ќе го олесни одржувањето на стабилноста во регионот, рече Лоренс Корб од Центарот за американски напредок.

Арон Дејвид Милер работел за републиканските и демократските администрации со децении, често како дел од тимот на САД кој се обидуваше да преговара за мир на Блискиот Исток. 

Тој гледа повеќе континуитет отколку промена во американско-израелските односи, особено со претседателот Џо Бајден во Белата куќа.

За Џо Бајден, сам меѓу современите американски претседатели, тој се смета себеси буквално за дел од израелската приказна. Неговиот однос со израелските премиери и други лидери датира со децении. Тој инсистираше да оди во воена зона кога оваа криза првпат избувна, рече Арон Дејвид Милер од фондацијата Карнеги за меѓународен мир.

Бајден го прегрна израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху само неколку дена откако членовите на терористичката група Хамас, назначена од САД, убија 1.200 Израелци и зедоа повеќе од 200 други како заложници во бруталниот напад на 7 октомври. 

Тој постојано изјавува дека САД секогаш ќе бидат тука за Израел. Но, за два месеца, Израел го нападна појасот Газа, управуван од Хамас, раселувајќи најмалку 2 милиони Палестинци, ранувајќи повеќе од 50.000 луѓе и убивајќи илјадници други во најкрвавата кампања во повеќедеценискиот конфликт.

Бајден, неодамна, пред публиката од политички донатори, изјави дека Израел ја губи поддршката од другите земји поради неговото „недискриминирачко“ бомбардирање на Газа и дека Нетанјаху треба да ја промени својата тврдокорна влада.

Во Њујорк и во други градови, илјадници Американци излегоа на улиците во знак на протест поради убиството на палестинските цивили во израелската офанзива против Хамас.

Некои вработени во Белата куќа и Стејт департментот, исто така, реагираат за конфликтот, при што некои потпишуваат протестни писма, па дури и поднесуваат оставки од администрацијата.

Луѓе од Стејт департментот ја следат нашата политика кон Израел со години, во некои случаи со децении, и ние во голема мера имавме безусловна воена поддршка за Израел. Значи, внатре постои разбирање дека не ги користевме алатките што ги имаме на располагање, користејќи ја моќта што ја имаме со нашата воена поддршка, за да го притиснеме Израел да стори повеќе за да се справи со палестинското прашање, рече Елизабет Шекелфорд од Советот на Чикаго за глобални прашања.

И додека многумина демонстрираа против офанзивата на Израел, илјадници Американци, исто така, излегоа во Вашингтон во средината на ноември за да го поддржат Израел и да го осудат антисемитизмот. 

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста