Судскиот совет се „врза во чвор“: Каубојското однесување и кавгите го достигнаа врвот по одлуката за Дамева

Судскиот совет се „врза во чвор“: Каубојското однесување и кавгите го достигнаа врвот по одлуката за Дамева

Одлуката на Управниот суд е логична кога караницата за нарушените меѓучовечки односи во Судскиот Совет ескалираше во каубојското разрешување на Весна Дамева. Адвокатот Сашко Дуковски, вели дека во една демократска држава највисокото судско тело не треба да се доведе во ситуација да за меѓучовечките односи помеѓу членовите одлучува друг суд.

  • За забележување е тоа разрешување беше каубојско. Господинот Селим Адеми седна, чукна на маса, и под наводници ја разреши старата односно сега истата претседателка и постапувањето на Управниот суд е логично. Но дали тоа треба да се случува во една демократска држава е друго прашање. Ако вие вклучувате суд да решева за вашите интерни, внарешни прашања што останува тогаш за вашето постапување? Вашето постапување и вашата вредност е еднаква на нула“ вели Сашко Дукоски, адвокат.

Одлуките кои што ги носеше Советот во периодот од 26-ти април кога Дамева беше симната од претседателската функција до одлуката на Управен, остануваат во важност односно нелигитимно е само разрешувањето. Но, апсурдот е веќе голем, вели адвокатот,  бидејќи Дамева никогаш не била истакнат правник за да биде дел од Судски.

  • Како тоа Весна Дамева, а и пратходната претседателка, е истакнат правник, кога се стручни соработници односно советници. По кој критериум они се релевантни правници јас се прашувам, гласно и го кажувам тоа сто пати. И вие се доведувате во ситуација која не е забележана во било која земја во судските системи, да некој кој што не е судија, а сегашната и претходната не се судии туку се стручни соработници, да одлучуваат за разрешување на некој судија, како што вчера го видовте случајот со разрешувањето на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми. Стручен соработник кој не напишал пресуда во животот, на кого единствена задача му била да носи пресуда од една во друга судница и да закажува судски рочишта и да праќа покани, вие имате ситуациии кога такво лице одлучува за разрешување на некој судија“, коментира адвокатот. 

Кога претседателот Пендаровски ја назначи Дамева за член на Судски, јавноста виде фотографии од нејзе како дел од правната комисија на СДСМ, со екс претседател на партијата, Заев.

  • Тоа е циркус кој може да постои само во Македонија. Веќе спомнавте за партиската припадност. Реално во Македонија 90% именувањето и членувањето во различни форми доаѓа поради близина одредена партиска структура. Тоа може и некако да се проголта во другите сфери но во судството е недозволиво. Не може некој што врска нема со право да одлучува за таквите битни работи како што одлучува Судскиот Совет“ вели Дукоски, адвокат.  

Судскиот Совет додека не ја добие пресудата од Управниот суд останува воздржан, а потоа ќе ја разгледува на седница и ќе постапува во законскиот рок, велат од таму.  

https://youtu.be/x9cUq1z7GWQ
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста