Илир Демири и Наим Бајрами се новите министри за здравство и администрација

Илир Демири и Наим Бајрами се новите министри за здравство и администрација

Владејачкото мнозинство ги изгласа новите министри. Илир Демири ќе раководи со Министерството за здравство, а Наим Бајрами со Министерство за информатичко општество и администрација. По расколот во Алијанса за Албанците беа разрешени Фатмир Меџити и Азир Алиу, а по предлогот на кадровската комисија во Алијанса за Албанците техничкиот премиер до Собранието ги предложи новите министри.

Она што е најстрашно што денес на не цели 3 месеци до изборите, наместо да разговараме на седница да се пополни слободното место во ДИК за да имаме фер и демократски избори, за да имаме избори на кои нема да се фрли дамка, повторно имаме циркус и од кога ако не, од техничкиот премиер. Го гледавме со години како прави циркуз како претседател на Собранието, сега циркузот го продолжува и во влада” порача пратеникот Игор Јанушев. После неговиот говор, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти салата.

Јанушев потсети дека согласно законот за влада односно член 43 оваа влада е преодна за организирање на фер и демократски избори.Член 43 од законот за влада 100 дена пред одржување на избори на пратеници, а по претходна оставка од претседателот на владата, собранието избира нова преодна влада за спроведување на избори за пратеници.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста