Колку шума, толку Албанци: Скандалозен оглас за вработување во „Македонски шуми“

Колку шума, толку Албанци: Скандалозен оглас за вработување во „Македонски шуми“

Што знае дрво што е националност? По скандалозниот оглас во здравствениот сектор, и Национални шуми во предизборна офанзива за вработување. Во ова јавно претпријатие се бараат 355 работници – од нив дури 230тина треба да бидат Албанци, а само 30тина Македонци, 30тина Турци, и по некој Влав, Ром, Србин и ставка „Други“.

За да работите како шумар најголеми шанси ќе имате ако по националност сте Албанец. Интересно е тоа што се бараат Албанци и таму каде што ги нема.

На пример во Берово се бараат 17 работници Албанци, на пописот од вкупно 10 890 жители, попишан е само еден.

Слично е во Радовиш, каде според пописот има вкупно 24 122 жители, а 24 се Албанци. Таму според огласот се бараат четворица Албанци и само двајца Македонци.

Од вкупно 7.545 попишани, во Кратово како Албанци се изјасниле 8. Таму Национални шуми бара тројца Албанци за позицијата дотурач со анималии, а ниту еден Македонец, Турчин или Ром.

Отворено место за Македонец на некоја од позициите нема ниту во Кочани ,Крива Паланка, Валандово, Прилеп, Велес, Струмица, Демир Хисар..

Вкупно на позицијата секач во огласот се бараат нешто повеќе од 100 Албанци, 15 Македонци, 17 Турци, четворица Бошњаци, седум Роми.

И на позицијата „шумски работник“ разликата во националност е евидентна. Се бараат 30тина Албанци, а под пет – Македонци, Турци, Роми.

На позицијата редач, во Велес се бараат тројца Албанци, еден Македонец и еден Влав, во Делчево четворица Албанци и ниту еден Македонец.

Алфа се обиде да стапи во контакт со директорот на ЈП „Национални шуми“ Валентин Груевски, да побараме одговори по кои критериуми се овие огласи, и зошто се вработува токму сега, на помалку од пет месеци пред избори. Тој не одговори на нашите повици. Додека нема реакција од институциите, социјалните мрежи вријат. Ако се суди според коментарите, граѓаните веќе навикнале на предизборно вдомување работници, со цел власта да си обезбеди глас повеќе.

Жестоки реакции предизвика и огласот на Универзитетската клиника за Гинекологија каде се бараат лекари со албанска етничка припадност.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста