Статистички платите во Македонија растат, ама што фајде од тоа кога цените буквално експлодираат, граѓаните едвај преживуваат

Статистички платите во Македонија растат, ама што фајде од тоа кога цените буквално експлодираат, граѓаните едвај преживуваат

Килограм домат помалку за пиперка повеќе –  граѓаните секој ден со весела математика  секој ден на маркет или пазарпазар или во марке. Храната одамна стана луксуз, а граѓаните се повеќе осиромашуваат. Бројките дека само за преживување се потребни речиси 1000 евра не се само на хартија, една прошетка по пазарите го покажува истото. Граѓаните велат оти платите и пенззиите ги трошат само за храна, а минимално за да преживеат потребни им се над 30 илјади денари   

И трговците секој ден си одат со помал пазар. Зад камерите пазарџиите сведочат дека се помалку се купува, килограмот станал грам, како ги носат прозиводите на тезга, така ги враќаат дома.

Последните податоци од синдикалната кошничка покажуваат дека во март се потребни речиси 1000 евра само за основните потреби, а во однос на февруари трошоците пораснале за 1500 денари, најмногу поскапела храната. Според синдикатот ова се должи веројатно на тоа што нема веќе замрзнати цени, цените се одмрзнааоти и тоа што било замрзнато изминатите месеци беше на висока цена.веќе покачени цени. Спасот се бара во законот за нефер трговски практики, но додека стапи на сила односно за шест месеци,  проценката е дека кошничката континуирано ќе расте

Владата одлучи да престане да важи мерката за загарантирани цени која беше донесена минатата година на 20-ти септември, а власта упатува апели до трговците да се до кои власта упатува апели и очекува да се однесуваат фер и да  не да предизвикаат ценовен шок. 

По усвојување на законот за нефер трговски практики , Министерството за економија подготви и  листа од 2500 производи кои ќе поевтинат дури ќе поевтинат дури за половина година со ограничување на рабатот. Дали листата е прифатлива за бизнисот за неколку дена треба да се произнесат од Стопанската комора.  Од она што досега можеше да се види, листата содржи и производи кои Владата претходно ги сметаше за луксузни и за нив го зголеми данокот од 5 на 10 отсто.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста