Средношколците од Тетово на улица – бараат да одат во училиште

Средношколците се се погласни во своите барања за враќање во училиште и настава со физичко присуство.Стотици ученици денеска со протестен марш кој започна од тетовската Гимназија и заврши на плоштадот, повторно го изразија незадоволството од онлајн наставата.Се жалат дека платформата не функционира,имаат проблеми со интернетот, а бројни деца немаат ниту компјутер.Ова велат, не е начин да се образуваат.

Протести на средношколците досега имаше и во низа други градови, Скопје, Кичево, Струга.Учениците велат дека не се откажуваат, најавувајќи нови протестите се додека не им се исполни нивното барање.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста