Собранието бира нов уставен судија-опозицијата обвинува дека кандидатката е партиски кадар на СДСМ

Собранието бира нов уставен судија-опозицијата обвинува дека кандидатката е партиски кадар на СДСМ

Само 1% доверба на ниво на статистичка грешка и 99 проценти недоверба во правосудниот систем, сепак власта ја турка актуелната професорка од УКИМ односно Јадранка Дабовиќ Атанасовска која има блиски конекции со СДСМ, да стане уставен судија. Комисијата за избори и именувања го утврди предлогот кој оди на пленарна седница.

Таа е член на Управен одбор на Фондот за здравство, а била и советник на Град СКопје од 2005 до 2009.

Пратеничката Јадранка Поцкова потсети како од советници во министерства стануваат уставни судии, а уште по трагично според неа е како од стручни соработници добиваат моќ да го чешлаат и проверуваат работењето на судиите.

Оваа власт фрли кал врз правосудниот систем и директно се меша во судството, а кандидатите доаѓаат директо од Бихачка, обвинува пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Александар Велјановски.

Сите кандидати прелдожени од Власта кои станаа уставни судии имаат поранешни, па дури и сегашни политички ангажмани по различни институции на локално ниво и во извршната власт, обвинува опозицијата.

Пратениците од власта денеска не им реплицираа на колегите од опозицијата.

Лани Собранието пополни две празни столчиња на уставни судии. Поранешен советник во Општина Жупа односно судијата Фатмир Скенмдр кој дојде од Апелација,  поранешна советника во министрство за здравство, судијката Татјана Васиќ станаа уставни судии со гласање на владејачкото мнозинство во Собранието. Како трет кандидат беше предложен актуелен државен обвинител кој ниту гледа ниту слуша за сите корупциски скандали кои ја тресат земјава.

Сепак, власта се предомисли, па професорката Дабовиќ која членови по одбори, а била дел и од локалната власт, според власта е идеалниот кандидат за Уставен судија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста