Соботка претпазлив оптимист за почеток на преговори со Македонија

Претпазлив оптимист за почеток на преговори на Македонија со Европската унија е Волфганг Соботка, претседател на Националниот Совет на Австрија. На ова го наведува фктот дека и покрај очекувањата и во Октомври минатата годфина нашата држава не го доби очекуваното од Брисел. Иако смета дека земјава ги исполнила критериумите и се наоѓа на вистински пат.

“Франција даде свој предлог, односно своја нацрт методологија за тоа како би требало да тече процесот на проширување на европската унија во иднина и всушност на самитот на европскиот совет доколку се сите согласни ќе се донесе оваа методологија”, изјави Соботка.

Според спикерот Џафери на Македонија и е потребна јасна европска перспектива и временска рамка. Партиите решиле да го вратат легитимитетот по заедничкото разочарување во Октомври.

Ние бевме искрени и во разочарувањето.. Одлуката дека извештајот беше позитивен и констатацијата бешее дека ги исполнуваме сите услови за отварање пристпани преговори, но конечната одлука во Октомври беше таква каква што беше”, изјави Џафери.

Соботка и Џафери освен за напредокот к он ЕУ разговарале и за потенцијалниот можен нов мигрантски бран и позицијата на Македонија. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски пак го запознал претседателот на австрискиот национален совет и со содржината на аудио снимките кои ги презентираше пратеникот Антонио Милошоски. Мицкоски вели дека не може да се согласи со тоа дека бил постигнат напредок во реформите во на правосудството.

“Му го пренесовме и трас трас методот на носење на законот за јавното обвинителство, се дооговорив со Јово и сличните методи како се носат овие закони.. Пренесовме дека тогашниот претседател на владата не го негираше тоа однесување туку го потврди. За прв пат случнал Соботка навистина бевме вчудоневидени”, изјави Мицкоски.

Ахмети пак е убеден дека е постигнат напрдок во клучните сфери.

“Сметаме дека можеме да постигнемее многу повеќе ако сите политички партии прифатат да бидат дел од скенирање на пратеници министри градоначалници судии обвинители”, изјави Ахмети.

Како што е наведено во партиското соопштение од СДСМ, Заев на Соботка му пренел дека институциите се посветени на европската и реформска агенда. Како пример ги посоичил последните закони изгласани во собранието.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста