Заев контра Заев за училишните табли – од незаконски, станаа законски

„Централниот регистар мора да ја коригира веднаш затоа што не постои одлука на Советот на општина Чаир. Со записник на некој си училишен одбор, надвор од законските прописи е спроведена одлуката и доставени се материјалите. Ги повикувам институциите да си постапат со закон“, рече Заев.

Ова пу пу не важи, од вчера до денеска Заев повторно го смени ставот. Сега промената на имињата во скопски Чаир се легални и законски. Екс премерот за неполни 24 часа ги промени своите позиции за ова прашање.

„После темелна анализа, правни тимови констатираа и ме информираа дека промената на имињата е согласно членот 26 од Законот за основно образование. Откако училишниот одбор донел одлука за измена на Статутот на училиштето со што се променува името на училиштето и се додава уставното име на државата, истата била потврдена и од страна на Советот на Општина Чаир. Бадентерово мнозинство не било неопходно“ тврди Заев.
Заменичката на Адеми вчера не знаеше што се случува, ќе истражувала, за денеска да нема ни глас од неа. Од Централниот регистар велат постапката е кристално чиста.

За ретерирањето на Заев се огласи и првиот човек на опозицијата, кој вели дека советниците од неговата партија гласале против, но и дека самите имиња не се проблем, туку начинот како се донела одлуката.

Директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа, Сеад Садикоски, вели дека веќе осум години се чека Уставниот суд да се произнесе во однос на членот 26 од Законот за основно образование, а оттаму се уште нема одговор. Тогаш Инспекторатот решил да ја запре промената на имињата. Тоа го потврдува и неговиот претходник на позицијата, Ванчо Шехтански.
Промена на ставовите и ветувањата кај Заев не е изненадување, а тоа го тврди и Таравари.

Јас не можам да ги слушам сите промени на ставовите што ги прави. Вчера прочитав дека негов став е дека одлуката е незаконска, денеска може да каже дека е законска, но може вечер да излезе и да каже да се вратат старите имиња на училиштата, истакна денеска Таравари.

Инаку едно од имињата на училиштата кои се менуваат е Никола Вапцаров кој бил македонски писател чија поезија меѓудругоето е и патриотска. Сега тоа име се заменува со Имри Елези, име за кое не можат да се најдат никакви податоци ниту за него ни за неговите дела на интернет, иако вчера на социјалните мрежи беше објавено оти бил учесник во УЧК. Името на Рајко Жинзифов кој е еден од најпознатите македонски писатели,публицисти како и помошник улител на Димитар Миладинов е заменето со „Исмаил Ќемали“ кој се смета за основач на современа Албанија, бидејќи тој е првиот претеседател, премиер и министер за надворешни работи на земјата.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста