Малку жени на раководни позиции во компаниите
Мажите зафаќаат 60, а жените само 40% на пазарот на труд. Поради грижата за домот и децата, голем број на жени се уште го ставаат развојот на кариерата на второ место. Малку жени има и на раководни позиции во компаниите. Од организациите на жени бараат државата да одвои повеќе пари за поддршка на жените кои сакаат да почнат сопствен бизнис, а идното собрание да го измени Законот за здравствена заштита за да можат да породилно отсуство и боледување да заминат и жените регистрирани земјоделци.
КАТЕГОРИИ Економија