Со изборот на српски патријарх, можат да дувнат поволни ветрови во православната екумена, смета митрополитот Петар

            На 18 февруари Српската православна црква ќе го избира деветтиот патријарх, во време на одбележување на стогодишнината од нејзиното обновување. Претходно, на 20 ноември поради компликации од корона,   почина досегашниот патријарх Иринеј. Изборот на првиот меѓу еднаквите во СПЦ, деветти по ред, создава големи очекувања во православната екумина, кај сите помесни цркви, од комшиските, с`е до Вселенската патријаршија . Митрополитот Петар, очекува дека СПЦ со новиот патријарх ќе погледне пореално на работите бидејќи своевремено на МПЦ и дала апосолско преемство, но и  во минатото ни правела штета.

  • Ако СПЦ сака да си го потврди своето достоинство како искрена црква кон МПЦ и македонскиот народ, кон ншата држава, мора да и погледне вочи на востината дека ова прашање не може да се реши освен СПЦ да ја предложи нашата црква во Цариградската патријаршија, да и се додели афтоќефалност. Тогаш, нашите односи ќе бидат прекрасни- рече владиката Петар.

Ако изборот на новиот патријарх на СПЦ биде праведен и по Божја волја, може да придонесе  за обединување на двете поделени страни во православието, рече митрополитот Петар.

  • Ние се надеваме, очекуваме и се молиме Господ да даде изборот да биде праведен и правичен, во интрес на обединување не само на соседните православни цркви, туку и за обединување на двете поделени страни на православието- РПЦ и цариградската патријаршија-   рече битолскиот митрополит.

 Медиумскиот интерес, предизборната атмосфера ја носи до усвитеност, особено што Велимир Димитриевиќ, д-р по теологија,  во интервјуто во  инфо- порталот “Центар“ рече дека политиката секогаш се мешала во изборот на српски патријарх и посочи дека некои српски патријарси во минатото  биле труени. Неофицијално, како можни фаворити, во странскиот печат се посочуваат епископот зворничко- тузлански Фотие Сладојевиќ и новосадскиот владика Иринеј Буловиќ.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста