Сламков за Алфа: Скандалот со израелскиот ПР стратег мора да се расчисти веднаш

Сламков за Алфа: Скандалот со израелскиот ПР стратег мора да се расчисти веднаш

Сомнежите и обвинувањата за крадени пари од државна каса со кои се плаќале изборни кампањи треба да се расчистат што побргу особено што станува збор за изборен период, предупредува експертката јавност. Поранешниот антикорупционер Ѓорги Сламков вели дека институциите итно треба да истражат дали од тендерите на РЕК Битола се полнеле џебовите на Израелскиот пиар гури и се финансирала изборна кампања на политичка партија.

Повеќе од една недела откако опозицијата го вкучи алармот за кеширањето на израелскиот пиар гуру за кого тврди дека полнел џебови од тендери на РЕК Битола, а Антикорупциска и Финансика полиција засега се незаинтересирани за скандалот.

Според Сламков, Антикорупциска иако има нов состав и затекна незгоден изборен период мора да смогне сили и да оформи предмет за скандалот.

Додека Антикорупциска и Финансиска полиција спијат, Обвинителство го направи првиот чекор и хонорарите на Израелецот ги чешла комисијата за изборни нерегуларности. Но за омилената компанија на власта која ги добива сите тендери на РЕК Битола, Обвинителството засега нема информации.

Оттаму информираа дека дури во понеделник може да проверат дали за компанијата што за 10 години доби 25 милиони евра од тендери на РЕК Битола и нејзиниот сопственик, постои некаква кривична пријава или, пак обвинител има намера да оформи предмет по допрен глас.

Опозицијата подолго време обвинува дека со години тендерите на  РЕК „Битола“ ги добива омилената фирма на власта Марковски компани и нејзиниот сопственик кој е почесен конзул на Белорусија во Македонија.

Пред повеќе од еден месец, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски обвини дека власта на бегање подготвува два тендери за набавка и ископ на јаглен во РЕК „Битола“, вредни повеќе од 140 милиони евра кој ќе и биде доделен на компанијата Марковски компани.

Од кабинетот на Пендаровски велат дека тој само се среќавал со Израелецот, но за ништо не го консултирал бидејќи бил консултатнт на СДСМ, а не негов. Лидерот на СДСМ, Ковачевски негира дека партијата има пиар гуру од Израел.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста