Слаба посетеност и делумно почитување на препораките во угостителските објекти во Охрид

Со слаба посетеност и само делумно почитување на препораките, по пауза од два и пол месеци во нашиот најголем туристички центар Охрид,беа отворени угостителските објекти,но не сите.Во некои од оние кои што почнаа со работа вработените носеа маски, но не и заштитни ракавици,а бројни се и примерите каде на една маса седеа повеќе од двајца.Но оние кои го густираа пладневното кафе,не ги плаши короната, желни се за дружба и заеднички муабет.

-Ние не можеме да изигруваме полицајци па да им бараме на гостите извод од матична книга на родени или венчален лист,велат угостителите кои се единствени во размислувањата дека препораките се специфични,тешки, но и скапи за исполнување – велат угостителите.

-На една маса можат да седат 2 лица или 4 лица ако се од иста фамилија,само тоа не знам како ќе го докажуваме дали се од иста фамилија или не, бидејќи ние немаме право да легитимираме гости – вели Марјан Лаброски-управител на “ Потпеш”

Угостителските објекти работат со исполнетост на капацитетите од 30 до 60 проценти,а загубите од неколку месечното неработење се ненадоместливи.

-Ако земеме вкупно кирии,плати,имаме роба која што е со поминат рок, може да надмине и 15,20.000 евра.Рачунајте дека кирија е платена за 2 месеци,рачунајте дека нема профит.Ние плати префливме и за март месец тука не бевме покрепени од државата, префливме од сопствени сретства комплетна плата за сите вработени, едно месечно префлање на плата е само 3 до 4.000 евра – изјави Антонио Наумоски управител на “План Б”.

Иако беше најавено дека хотелите ќе почнат со работа во исто време со останатите угостителски објекти, сеуште не сме ги добиле протоколите за работа, велат туристичките работници кои поради откажувањето на аражманите, ќе мора се потпрат на домашните гости.

-Поради тоа што и ретко кој во вакви услови кога е несигурно време би се осудил да тргне на патување негде во странство,ајде може во соседниве земји да, меѓутоа за подалеку едноставно не знаеш дали ќе прогласат пак карантини можда ќе остане некој некаде. Истото важи и за овде,некој од подалеку не знам дали би се осудил да дојде – вели Игор Иванов – менаџер на “Су комплекс”.

Угостителите во знак на солидарност апелираат до надлежните да се изјаде модел со цел да работат и локалите кои немаат тераси, иако денеска беа отворени некои угостителски објекти каде се послуживаше во затворен простор, иако не смеат.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста