Скопје се празни, метеж на патерините кон местата каде нема 80 часовен карантин

Километарски редици на патарините, метеж по автопатите, утринските гужви низ скопските улици  се префрлија на патиштата кои водат кон градовите во внатрешноста на Македонија.

Жителите на Скопје и околните општини наместо да седат 80 часа во полициски час, решија продолжениот викенд да го искористат на туристичките и излетнички места каде нема по цели денови да бидат затворени дома.

Илјадници автомобили со велосипеди врзани на нив, приколки, глисери, возачи со маски ваква беше сликата по завршувањето на работото време на излезите на Скопје.

Скопје се испразни но се наполнија Охрид, Струга, Маврово.  Социјалните мрежи вријат, дел од граѓаните сметаат дека одлуката на Владата за одредени општини да бидат во целосен карантин, а други не, е контрапродуктивна.

Причина за стравот кај граѓаните е тоа што масовното напуштање за викенд на луѓето од Скопје и околината го зголемува ризикот за пренос на Корона вирусот и во другите градови кај бројката на заболени е помала.

Општина Охрид веќе упати јавен апел до сите посетители кои туристички ќе престојуваат во градот за време на продолжениот викенд, но и до охриѓани, да ги почитуваат мерките и препораките за заштита од Ковид -19.

Голем број на апартманите на туристичките места веќе биле изнајмени, а на социјалните мрежи се објавуваат и огласи за изнајмување на соби и станови.

Мери Ѓорѓиевска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста