Што ќе прави ако ги налути Грците со новиот грб, градоначалникот на Свети Николе нема одговор

Зошто во ек на пандемија, кога сите гледаат како побрзо и побезболно да помине кризата се менува грбот на Општина Свети Николе, колку пари ќе ја чини Општината новиот грб, не се плаши ли градоначалникот дека соседна Атина ќе му се налути заради античкиот симбол розетната од „Билазора“на новиот грб и зошто негодуваат хералдичарите, на сите овие прашања денеска не добивме одговор од градоначалникот Велковски, иако Алфа два пати бараше одговор во општината.

Според поранешниот градоначалник на општината, постапката за менување на симболите има неколку пропусти.

Можеби имало некој конкурс или објава, меѓутоа очигледно тоа било на локално ниво. Прашањето до тие што го спроведуваа, до локалната самоуправа, кое што треба да си го постават сите е дали беше објавено во два национални весника, во Биро за јавни набавки, каде хералдичарите ќе го видеа и ќе конкурираа, е прашање што ги засега сите, затоа беше бурна реакцијата хералдичарите – вели за Алфа поранешниот градоначалник на Свети Николе, Зоран Тасев.

Претседателот на Грбословно друштво на Македонија испрати и реакција до Советот на Општина Свети Николе во која наведува дека амблемот претставува само преработка на претходниот кој беше во употреба до 2015 година, што според него е нехералдички. Од друштвото сметаат дека на овој начин се врши трајна штета на угледот и достоинството на Општината, и се воведува дополнителен хаос во и онака шарените и разнолики општински симболи.

Нејасно е зошто единствената разлика помеѓу, грбот кој важел до 2015 година и новиот, е овчеполскиот вез и розетната од „Билазора“. Се разбуди ли националното чувство кај Велковски, како кај колегата од Куманово кој јавно застана да ги брани македонските интереси од Бугарија, ама со задоцнување?

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста