Заменик министерот за труд и социјала во изолација, многу близок роднина на член на неговиот кабинет е позитивен на Ковид 19

Двајца луѓе од кабинетот на заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар се позитивни на Ковид 19 и од минатата недела оделе на работа со симптоми, дознава Алфа од извори во министерството. Побаравме и официјален одговор од кабинетот на министерот, па портпаролката ни нагласи писмено да испратиме прашања на маил.

Во добиениот одговор од таму стои дека, всушност станувало збор на член на потесното семејство на еден од советниците на заменик министерот, кој добил позитивен тест на Ковид 19. Нема објаснување дали вработениот – блискиот роднина на  заболениот, доаѓал на работа и колку време. Само дека заболениот се тестирал во приватна болница . Членот на кабинетот на заменико денеска се тестирал, а резултатите допрва се очекуваат. –Согласно насоките на Институтот за јавно здравје, заменик министерот и советниците од неговиот кабинет се во самоизолација, велат од министерството.

Во меѓувреме остануваат споменатите  дилеми, како таа зошто на пример државен функционер се тестирал во приватна болница?

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста