Штипското инфективно преполно со ковид пациенти

Се подраматина станува состојбата и на штипска инфектологија – регионалниот Ковид центар. Капацитетот е речиси исполнет. Хоспитализирани се 29пациенти. Слободни болнички кревети има само шест. Раководството смирува, тврдат дека ситуацијата ја држат под контрола. Подготвени се веднаш да го активираат планот Б. Предвидено е слободни места за пациенти од ковид -19 да се обезбедат и на одделението за неврологија.

„Доколку бројот на хоспитализирани продолжи и понатаму да расте подготвени сме во секој момент пациентите од Одделението за неврологија да ги префрлиме на други одделенија со што ќе се обезбедт дополнителни кревети за пациенти инфицирани Ковид-19“, вели директорот на КБ-Штип Ален Ѓеоргијев.

Не стивнува жариштето во Штип. Изминатите два дена во извештаите на министерството за здравство Штип повторно е со двоцифрени бројки. Меѓу новозаболените има работници во фабрика за чевли, но најголем дел се текстилни работнички. Во меѓувреме по иницијатива на сопственикот во Штип е затворена уште една, девета по ред конфекција, а над 400 граѓани се во самоизолација.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста