Унгарија се залага за безбедност, нашата држава е борбена, така и ќе остане. Никогаш нема да ги напуштиме нашите „офицери “, порача унгарскиот премиер Виктор Орбан, на промоцијата на новата генерација на припадници на безбедносните сили…

„Светот беше сведок на “изненадувачки” и вознемирувачки развој на настаните. Богатите земји видоа дека нивните здравствени системи пропаѓаат во рок од неколку дена, богатите земји се на пат кон финансиски колапс а поголемите градови забележуваат невидени бранови на насилство.“ –  рече унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Орбан зборуваше и за важноста на патриотизмот, велејќи дека законот и редот се во срцето на Унгарија.

„Чувството на патриотизам нè врзува со заедничка судбина, која е одлична и единствена.Татковината – е една за сите.Ние сме подготвени да ја чуваме нашата земја, и доколку е потребно, да се бориме за неа, од генерација на генерација.“ изјави премиерот на Унгарија.

Орбан се осварна и на стабилната економија во Унгарија. Тој уверува дека финансиите се во ред, економијата е здрава, и дека луѓето се подготвени и можат да работат со полна пареа.

 

Ања Василева