Штипјанецот Христијан Митев за животот во карантин за Велигден

Изработувајки фигури од она што ќе најде, но и со добра книга, вака штипскиот авантурист Христијан Митев ги поминува Велигденските празници. Затворен во хотелската соба, тој е еден од стотиците наши граѓани кои поради пандемијата се приморани Христовото Воскресение да го дочекат во државните карантини ширум државата. За него ова е Велигден за паметење,но и животна лекција како да се спаси човечкиот род.

Што правам за Велигденските празници? Немам многу избор, но се обидувам да бидам колку што е можно покреативен.
Читам добра книга, гледам серија,истражувам за работите коишто ме интересират, а за коишто сум немал време порано поради брзиот начин на живот – изјави Митев.

Митев веќе петта недела е во карантин. Претходно, три недели во самоизолација помина во Перу. Во тие моменти препуштен на своите мисли, успеал да научи многу од самиот себе си, но и да осознае дека лошите искуства во животот можат да го направат само помудар и похрабр.

Научив многу работи што сега ги практикувам посебно .ме променија истражувањата во Амазонија посебно ритуалите со ајахуаска кои комплетно ме освестија и ме наведоа да размислувам и да ги ценам работите коишто ги имам-изјвави Митев.

Времето поминато во карантин максимално го користиза лична надоградба , а истовремено работи на својата прва книга за експедицијата во Амазон. Авантурата Митев ја започна во јануари, а до крајот на јули требаше да ги посети Боливија,Чиле и Рио. Ковид -19 му го промени планот,а затварањето на границите на Перу го затече во градот Куско,во близина на Андите.

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста