Најмалку 16 жртви во масовно убиство во Канада

Најмалку 16 лица се убиени во оружен напад кој траеше 12 часа во источна Канада, меѓу мртвите има и полицаец. Властите сѐ уште не утврдиле точен број на жртви и нивниот број може да се зголеми бидејќи има и повредени.
Нападот се случил во провинцијата Нова Шкотска, а напаѓачот, 51-годишниот Габриел Вортман, полицијата по неколку часовна потрага го пронашла на бензиска пумпа. Канадските медиуми пренесуваат дека тој бил застрелан од стана на полицијата а подоцна и починал.
Вортман бил маскиран како полицаец и возел полициски автомобил, иако по професија бил стоматолог.
Засега не е познат мотивот за нападот. Ова е најсмртоносниот напад во модерната историја на Канада, затоа што бројот на жртвите го надмина оној во масакрот во Монтреал во 1989 година кога беа убиени 14 жени.
Се обрати и Канадскиот премиер Џастин Трудо , изрази сочувство до семејствата на починатите и им посака брзо закрепнување на повредените. Вооедно ѝ се заблагодари на полицијата.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста