Поради намалениот персонал се затвора еден од двата инфективни оддела во Куманово
Затворен вториот оддел од Инфективната клиника во Куманово, пациентите ќе бидат транспортирани на Инфективна во Скопје, поради како што велат кумановската болница рационализација на персоналот. Заменик директорот на кумановската болница, Илбер Исуфи објави дека е позитивен на Ковид 19. Општинскиот кризен штаб во Куманово подолго време бара карантин на градот, но според реториката на техничкиот премиер Оливер Спасовски тешко дека ќе падне таква одлука.
-Се разговараше и на Комисијата за заразни болести. Само сакам да кажам која е разликата меѓу Дебар и Куманово. Прво Дебар беше откриен првиот случај, немавме ниту кризна, ниту вонредна состојба на територијата на државата. И второ ако во тој момент имате едно подрачје кое има инфектирано лице, логично е да се затвори подрачјето за да не се шири вирусот и надвор од ова подрачје, изјави Спасовски.
Инаку во Куманово во изминатите 24 часа министертсвото за здравбство регистрирало уште 9 нови случаи, со што вкупната бројка на заразени се искачи на 320.
Матеја Петровски