Сеидба на ориз во Кочанско почна со старите проблеми

Со  пуштање на вода во полињата од брана Гратче, од денес почна сеидбата на оризво Кочанско. Новата сеидба, е и  нова надеж за оризопроизводителите. Нивите се подготвени за вода, обезбеден е семенски матрејал. Со земјоделските активности очекуваат   да завршат најдоцна до 15мај.

„Очекуваме оваа година да биде подобра од минатата и да немаме проблеми со цената. Целиот род да се продаде„ – изјави Стојче Велков , оризопроизводител.

„Подготвени се оризовите површинни почвата има температура од 6 до 10 степени. Условите за сееење на ориз се погодни„ – изјави Славе Петров, оризопроизводител.

Годинава под ориз ќе бидат посеани 4.200хектари, што значи за 400 хектари повеќе од лани. Дождот и снегот ги наполнија браните и реките. Не се очекува да има рестрикции во наводнувањето.

„Во моментот имаме задоволително количество на вода акумилирано во брана Калиманци и се надеваме дека до почетокот на пуштњето на системот , браната ќе достигне максимална кота, а очекуваме да дојде и до прелив„- изјави Дени Митров , директор на Водостопанство Брегалница.

И госдинава новата сеидба започна со старите проблеми. Оризопроизводителите се жалат на целосно неисчистени канали, ниска откупна цена, а и дека  40% од нив се уште не добиле субвенции. Надлежните категорични,  пари од државата добиле сите што имат уредна документација и каналите се исчистени. Останува мал дел за санација на десниот магистрален канал. Минатата година беше една од најтешките за оризопроизводителите. Со протести и блокирање на патиштата на неколку пати бараа спас од безизлезната состојба. 

Александра Ристевска

Advertisements