По бројните скандали, Рашковски си поднесе оставка

Се редат оставки под притисок на јавноста откако лица вработени во Владата или блиски до СДСМ се под лупа на обвинителството за можен сторен криминал, оставки има, но засега одговорност не.

Најсвеж пример е Драги Рашковски кој си поднел оставка од позицијата, премиерот ја прифатил, но дали ако сторил криминал навистина ќе одговара е отоврено прашање.

А институциите имаат полни раце работа да ја истражуваат работата на поранешниот генерален секретар на Владата .

Името на Рашковски се споменува во неколку афери вредни илјадници евра. Вчера  Алсат обелодени дека екс генералниот секретар ќе гради хациенда голема над 800м2 во скопската викенд населба Побожје, а како инвеститори се јавуваат неговите две малолетни деца.  Јавноста прашува дали со плата од Владата е можно да се гради толкава куќа.

Луксузниот начин на живот на Рашковски не се само егзотичните патувања, раскошни викендици, туку и скапо возило Волво, чиј модел вреди над 70 000 евра. Ова автомобил тој го нема пријавено во анкетниот лист.

На ред се сега институциите, да истражуваат како Рашковски може да си го дозволи овој луксуз само со владина плата.

Рашковски се споменуваше и во аферата Леонрдо за спорниот тендер за набавка на радарски систем во М НАВ. Гласот на екс генералниот секретар се слуша во разговор како преговара за детали за прокетот вреден над 7 милиони евра. Но обинителството ја отфрли пријавата за случајот.

Тој е предмет на истрага и во случајот за набавка на систем за сообраќајни прекршоц за кој МВР немале потреба, а таков сличен патент има токму Рашковски. Системот е вреден над 80 000 евра. Ама кога се обелодени аферата тој не беше во Македонија, беше во Мексико оти било ефтино, а и било и роденден на сопругата.

Но не е само Рашковски чие име го следат афери. Дузина владини функционери осомничени дека се вмешани во огромни скандали, но разрешница нема, само оставки. Денови, месеци , дури и години поминуваат, а надлежните институции барем во јавност не соопштуваат ниту еден детаљ за тоа што се случува со Рекет 2, Фризерницата, случаи, во кои се осомничени Ден Дончев, Лидија Димова.

Владините функционери кои се сомничат за кривични дела поврзани со финансиски криминал, само си поднесоа оставки, но друга реперкусија не добија, барем не досега. Инаку името на поранешниот директор на фондот за здравство Ден Дончев се спомнуваше во случајот „Рекет 2“ за фирмата Дијамед, која во 2013 година доби концесија за дијализа на бубрежно болни, но се испитува видеото на кое се гледа како тој зема и става кеш пари во торба. Лидија Димова која буквално ја разгневи јавноста за давањето на баснословни суми на пари на од европските фондови на фризерница, тренинзи на магариња, дегустација на сирење, беше разрешена и финансиската полиција и обивнителството отворија истрага за нејзиното работење.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста