Рашковски не одговара зошто не се појавува во јавноста да ги објасни скандалите
Рашковски поднесе оставка за да си го зачувал достоинството, по две години скандали кои го следат неговото име, на екс генералниот секретар сега му текна дека треба да се повлече од јавните функции. Дали навистина Рашковски се повлекува од функцијата заради морални причини или пак оставката е во договор со неговиот пријател и шеф Заев за да се намалат штетите врз Владата, останува отоврено прашање.
Го прашавме Рашковски зошто не излезе пред јавноста и децидно да објасни за скандалите и оставката, но до почеток на овие вести, одговор не добивме.
За јавноста оставката на екс генералниот секретар е недоволна, бараат детална истрага и испорачување на правдата.
Новинарот Дарко Јаневски вели Рашковски е само дел од низата лица кои се пример за нефункционирање на системот во Македонија.
Рашковски е само еден дел од мозаикот и тие работи се решаваат ако имаш систем, а тоа го нема кај нас. Афери како Рашковски има секој ден, системот не функционира да се справи затоа што не е поставен да ги решава…-рече ДАРКО ЈАНЕВСКИ – новинар.
Според него 4 години јавноста се занимава каков е Заев, а прашањето е дали ќе биде сменета оваа власт, која ја следат скандали од огромен размер секојдневно.
„Пред некој ден беше и случајот со дрогата, со пасошите. Тоа се работи за кои паѓа цела влада. Но, што ако тоа не го направат. А гледаме дека не се прави ништо“-рече ДАРКО ЈАНЕВСКИ – новинар.
Откако беше обелденет последниот скандал за Рашковски, односно дека ќе гради викендица од 800 м2 во скопско Побожје, а воедно и вози џип вреден илјадници евра се повеќе се акуелизира порашањето на носење закон за закон за имот, односно испитување како државни службеници со плата се луксузираат. ВМРО-ДПМНЕ веќе бара таков закон, кој се уште не е дојден на дневен ред во Собранието.
Името на Рашковски покрај другото ќе биде запаметено по аферата со набавка на радарски систем во М НАВ вреде 7 милиони евра, како и за набавката на систем за сообраќајни прекршоци кој не бил потребен на МВР, вреден е над 80 000 евра, а сличен патенет има толку тој.