Се заострува борбата помеѓу градските власти, антикорупционерите и инвеститорите кои треба да градат наспроти ГТЦ

Се заострува борбата помеѓу градските власти, антикорупционерите и инвеститорите кои треба да градат наспроти ГТЦ. И додека Општина Центар се чека да изготви елаборат за суспензија на ДУП – от кој предвидува изградба на висококатници, од компанијата МГ Фешн, се заканија дека ќе покренат правна постапка за претрпена штета толку изградбата се суспендира.

Штетите кои ние како инвеститор ги трпиме од неуставно и незаконски попреченото право на градба кое произлегува од правото на сопственост, и тоа врз основа на важечки ДУП донесен во законита постапка, се проценети на десетици милиони евра и таа штета потенцијално ќе падне на товар на општината – информираат од „МГ Фешн“ – инвеститор на проектот.

Се чини дека целиот процес е заглавен меѓу наковалната и чеканот, оти Антикорупционерите ќе го гонат и градоначалникот на Центар Богдановиќ доколку не побара суспензија на планот. За сега, Комисијата за спречување корупција поднесе иницијатива до Јавното обвинителство да отвори истрага за злоупотреба на службената должност на претходните градоначалници, Андреј Жерновски и Владимир Тодоровиќ како и за раководителите на секторот за Урбанизам од 2012 година.

Во меѓувреме, критиките на експертите се множат. Дел од нив сметаат дека Богдановиќ имал четири години по донесениот мораториум да го ревидира деталниот план и да се изменат спорните точки, но сепак не го направил тоа.

Четири години Богдановиќ имаше по донесен мораториум, мораториумот беше донесен да се испитаат спорните ДУП- ови да се ревидираат, а штом овој ДУП бил ревидиран, и им се допаднал. Ако општината му даде да се гради онака како што сака, ќе се гради – вели Синиша Ивановски – претседател на комисија за урбанизам и транспорт во ВМРО ДПМНЕ.

Две станбени и една деловна зграда од 22, 20 и 16 ката е планирано да се изградат во првата фаза. Иако инвеститорите смируваат дека се предвидени и околу 6500 квадратни метри зеленило, она што ги загрижува урбанистите е целосното затворање на просторот и гушење на централното градско подрачје.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста