ВМРО-ДПМНЕ ги донесе, СДСM ги критикуваше, но сега се фали со странските инвестиции

ВМРО-ДПМНЕ ги донесе, СДСМ ги критикуваше, но сега се фали со нив. Инвестициската приказна во Македонија, која во изминативе неколку години е исклучително лоша, власта ја поправа со поддршка и промоција на веќе присутните инвеститори. Еден од нив, американската Кемет електроникс, која подолг период работи во Бунарџик, денеска најави проширување на инвестицијата, планирана и најавувана уште во самиот старт. Со план за 10 милиони евра нова инвестиција, Кемет сака да го заокружи она што го најави уште во 2012. Бројка од 500 вработени, или двојно повеќе од сегашните.

  • Новата инвестиција и Центарот за истражување и развој за нови кондензатори, како и просторија за истражување и тестирање на нови материјали е планиран за август 2021 година, додека почетокот на производство во новиот дел во мај 2022 година. Со ова, се очекува да се зголеми бројот на нови работни места и да достигне до 500 вработени, рече Стефан Утковски.

Проширувањето на капацитетот на Кемет за власта е потврда за довербата на инвеститорите. Но зошто тогаш изостануваат нови позначајни инвестиции, наместо постојни кои само го заокружуваат она што одамна е најавено и планирано, премиерот Заев не конкретизира. Забелешките дека повеќе се фали со стари отколку со нови проекти според него не држат.

  • Дајте да не го упропастуваме денот. Странските инвестиции, се што било добро на претходната власт, денеска продолжува да работи на истото и актуелната влада, рече премиерот Зоран Заев од Бунарџик.

Според првиот човек на зоните, проширувањето на инвестицијата се должелча на новите политики на власта кон компаниите. Ако порано тоа успешно се спроведуваше преку Агенцијата за странски инвестиции, сега се прави преку Техноплошките зони.

„Кемет Електроникс” произведува електронски компоненети наменети за електронски производи наменети за авионската, воената и автомобилската индустрија. Фабриката е лоцирана во технолошко-индустриската развој на зона – Бунарџик на површина од 11.000 метри квадратни, од кои 9.000 се производствен капацитет.

  • Со новата инвестиција се очекува бројот на вработени од 270 да стигнат до 500 луѓе. Тоа е за 35 отсто повеќе од првично најавеното. Ова ќе го констатираме и при доделувањето помош на компанијата, рече директорот на ТИРЗ  Јован Деспотовски  кој денеска со премиерот Зоран Заев беа во Бунарџик.

Каква е реално инвестициската политика и колкави се феектите од неа покажуваат податоците кои не се нималку охрабрувачки. Лани во Македонија не влегла ниту една позначајна странска инвестиција, но затоа оние што веќе се тука се развиваат и како гклавни мотори на извозот доминантно влијаат на подобрување на перформансите на економијата. За разлика од минатата власт, актуелната ја напушти и политиката на лов на инвеститори преку т.н. „роуд шоуа“ и министри и промотори во клучните светски дестинации за кои се трошеа пари, но имаше и бенефит.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста