Се уште се истражува хаваријата во „САСА“, за експертите се можни две сценарија

Се уште се истражува како јаловиштето бр.4 на рудникот САСА со период за експлоатација од седум години, попушти само шест месеци откако е ставено во функција? За експертите можни се две сценарија. Едното е во делот на проектирањето, а другото е поврзано со  поставеноста на мониторингот на водите во рамките на јаловиштетот. Хидроинжинерот д-р Костадин Јованов смета дека ваквите хаварии само потврдуваат дека е потребно итно законско уредување и регулирање на одредени професии..

 „Сега кој го тоа следи? Дали од аспект на струка тоа се прати соодветно како што треба ? не е само да имате јаловиште, набљудувачки објекти . Каде е таа аналитика, прогноза, што би било, кога би било. Вероватно по мене има добар дел пропусти во самиот дел на проектирањето и испитувањето, а и во делот на мониторингот„-изјави д-р Костадин Јованов – хидроинженер.

За спорното јаловиште за чија изградба беа потрошени 6 милиони евра , се тврдеше дека ги задоволува сите еколошки светски стандарди и ќе биде безбедно како за жителите од Македонска Каменица, така и за регионот.

Но сега какви ќе бидат последиците по живиот свет и колку време по излевањето на олово-цинкова јаловина на природата ќе и биде  потребно да се врати во нормала, засега научната фела не сака да прогнозира. Штетите се огромни . Подземните води се загадени и прашање е дали истите ќе бидат употребливи за наводнување смета д-р Јованов кој посочува дека час побрзо треба да се започне со чистење на талогот кој во вид на прашина со помош на ветрот лесно може да се разнесувава. Од истото стравува и месното население кое во 2003 беа сведоци на слична ваква хаварија.

„За прирадата е лошо, но и за стоката. Овде сите имаме добиток,го напојуваме од реката . И вие сами гледате колку има јаловина во дворот, на масата„ – велат жители на село Саса.

Од петокот  во соработка со тамошното комунално претпријатие се почнува со интервентно чистење околу бунарскиот систем за водоснабдување во Македонска Каменица. Во моментот рудникот САСА изработува геодетски елаборат за да се утврдат точките на загаденост во коритото на Каменичка река, за да се отпочне со негова санација, информира Водостопанскиот инспектор. Согласно законот јаловината треба да се отстрани за 90дена и истата да биде депонира на депонија во самиот рудник. Инспекторатот предложи Прекршоци од трета категорија и глоба од 100.000евра.  Во понеделникот поради пукање на тунел се случи истекување на 3000кубни метри јаловишен матрејал. Дел од него заврши во браната Калиманци од каде се наводнуваат полињата, а од Брегалница вода за пиење добиваат неколку општини. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста