ВМРО-ДПМНЕ на протест : „Итно да се повлече предлог ДУПОТ-от за расадник кој предвидува повеќе од 100 згради“

„Расадник те моли, не гради, ме боли“ ;  „стоп за урбаната мафија“ – со овие пароли денеска излегоа на протест членовите на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ и дел од жителите на Општина Кисела Вода. Со автомобили го блокираа булеварот Борис Трајковски во непосредна близина на Локалната самоуправа во знак на револт поради деталниот урбанистички план кој предвидува изградба на стотина згради. Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека општината со овој план ќе предизвика еколошка катастрофа.

„Со евентуалното усвојување на предлог ДУП-от ќе се закочи во целост функционирањето на овој дел од градот во кој што и онака владее безредие и урбан хаос а општината не презема ништо за регулирање на овие проблеми“ – децидни се од општинскиот комитет. Според нив, населбата која ќе никне, ќе придонесе за дополнително загадување на воздухот.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во повеќе наврати се обиделе да апелираат до градоначалникот на Општина Кисела Вода, но позитивен одговор нема. Протестите ќе продолжеле додека власта не ги слушне барањата на граѓаните.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста