Денеска сончево и топло, од утре се очекува промена

За денеска се најавува сончево време со мала, а на југозапад со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 12 степени, а дневната од 23-29 степени.

Сончево време со максимална дневна температура од 28 степени се прогнозите за Скопје.

Утре попладне во западните делови ќе има услови за појава на локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста