Се ситни пратеничката група на владеачката коалиција – По ЛДП и Трајанов најавува самостојно делување

Се ситни пратеничката група на владеачката коалиција во собранието.Пратениците од ЛДП Боби Мојсоски и Моника Зајкова ќе делуваат самостојно во парламентот, а не како до сега заедно со пратениците од СДСМ. Либералдемокартите велат дека одлуката на партиските тела е донесена уште во Август. За во законодавиот дом подобро да се претставуваат либералните вредности и затоа што на народните избраници имале потреба од повеќе простор  за делување. Сепак интензивни се шпекулациите дека ова може да значи почеток на најавеното прегрупирање во собранието.

“Тоа за нас претставува демократски потег и не е поврзано со дневно политички теми. Оставивме доволно простор за имплементација на оваа одлука. ЛДП како и нејзините пратеници и понатаму ќе продолжат да ја поддржуваат Владата, а тоа ќе се потврди и со гласањето на доверба на министрите Љупчо Николовски и Бојан Маричиќ”, велат од ЛДП.

Премиерот и лидер на СДСМ Заев изненаден од потегот на ЛДП. Вели дека е легитимен, но моментот бил несоодветен. Истакнува дека дури и БЕСА сака пратеничка група.

“Во вакви околности кога опозицијата тврди дека може да формира мнозинство, а власта тврди дека тоа апсолутно не е возможно ваквиот исчекор од страна на ЛДП апсолутно е испраќање на јасна порака која што е повредување на коалициониот или заедничкиот настап”, изјави Заев.

И лидерот на Демоктратскиот сојуз Павле Трајанов за порталот мкд.мк најавува самостојно делување. Вели дека тоа не мора да знали ситнење на мнозинството и дека и до сега во јавните настапи изнесувал лични ставови и ставови на партијата. Очекува сличнен процес и во опозициската коалиција.

Од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потврдија дека интензивно разговараат за формирање ново парламентарно мнозинство. Минатата недела брифираа дека обезбедиле 61 пратеник и прават напори за уште четворица.

“Подолг период кажуваме јавно немаме што да скриеме дека разговараме со пратеници кои што се дел од владеачкото мнозинство, а не се пратеници на СДСМ и ДУИ за формирање на ново парламентарно мнозинство. таа операција се уште не е завршена, но е во тек. и очекувам да финишира со рушење на оваа и влада и со создавање на ново парламентарно мнозинство”, изјави Николоски.

Според Николоски има две варијанти за предвремени парламентарни избори. Заедно со локалните на есен или идната пролет.  

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста