За каква вистина зборуваше Заев за „Монструм“?
Невините луѓе на Заев сепак биле виновни. Случајот „Монструм“ кој право беше разрешен уште за време на минатата Власт, беше повторно отворен поради тврдењата на актуелниот премиер – тогашен лидер на опозицијата Зоран Заев кој тврдеше дека во прислушкуваните разговори наречени „Вистина за Македонија“ имало докази дека тогашната власт затворила невини луѓе.
Со обелоденувањето на вистината за Смилковското езеро или проектот на Владата „Монструм“ како што го нарекоа со кривичната пријава ќе обелодени и болна вистина. Нашата намера не е да ставиме квалификации, но вистината откако ќе ја обелодениме граѓаните ќе знаат што во суштина значи таа – изјави премиерот Зоран Заев.
Јавноста денеска по втор пат ја дозна вистината иако Заев тврдеше дека осудените биле невини. Дури тврдеше дека имал и докази.
Не ја знаат вистината, ни оние кои се наводно виновни за убиствата во овој процес, и оние кои што ги изгубија животите, односно сега нивните семејства не веруваат дека е така како што е претставено во јавноста, и тие ја сакаат вистината – изјави Заев.
Сепак, откако стана јасно дека по втор пат судската пресуда ќе биде идентична, Заев на судењето во улога на сведок ретерираше.
Значи имаше разговори кои што покажуваат дека луѓе кои што се во затвори сега осудени според мое видување тоа што го слушнав, јас не сум обвинител, ниту правник не сум, дека нема докази да се внатре – изјави Заев.
Случајот „Монструм“ доби правна завршница уште во 2014 година кога доживотна казна затвор за тероризам добија Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута за петкратното убиство кај Смилковско езеро.
Адријана Алексиеска