Родителите на учениците во „Тодор Јанев“ завршија во полиција: Нема да се откажеме, дури и да ја изгубат годината!

Родителите на учениците во „Тодор Јанев“ завршија во полиција: Нема да се откажеме, дури и да ја изгубат годината!

Кулминираат случувањата на протестите пред пред ОУ Тодор Јанев во Чашка, откако родителите покажаа цврст став дека нема да попуштат. Десетина од нив, учесници на протестот вчера против неоснованото- како шти велат, отворање на паралелка на албански јазик -завршија  на разговор во полиција. Ги пријавила директорката на училиштето Елена Николова, оти тврди дека вербално и физички ја нападнале.

Не се откажуваме, и по цена децата година да изгубат. Денеска имаше полиција, околу 30 полицајци, очекувавме вакво нешто после манипулацијата што ја направи со брзата помош очекувавме дека нема да дојде денеска на работа – вели Цвета Пешовска.

Родителите и денеска беа собрани пред влезот на школото, но директорката не се појавила.Од советот на родители за Алфа велат дека не отстапуваат од нивните барања, но најважно според нив е Николова да си даде оставка.

Бараме оставка од неа за да мозе наставата на продолжи во нормален тек– потенцираат родители.

Елена Николова не одговори на прашањата како ќе се справи со незадоволството на родителите и децата. Пред една недела, за Алфа кажа дека нема ништо незаконски за формирање нова паралелка за ученици од албанска националност, иако станува збор за само четири деца. Таа тогаш побара да не се прави етничка поделба.

Родителите пред два дена му доставија предлози на министерот Шаќири,за новата паралелка да биде во соседните села Бањица и Сливник каде мнозинството жители се од албанска националност. Но за министерот тоа не било прифатливо.

Инаку, училиштетo “Тодор Јанев”  според статутот е само за настава на македонски јазик, и во населено место со мнозинство Македонци, а во кое според лична карта на родителите нема регистрано ниту еден жител кој зборува албански.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста