РЕК “Битола” со десетдневни резерви на јаглен за еден термо- блок

Откако се смирија временските прилики, во рудникот за јаглен  “Суводол“ во РЕК “Битола“ повеќе тимови на вработени  прават напори да ги оотстранат последиците и да ја ослободат моќната механизација на ископ на јаглен и дотур до депонијата, процес што од завчера е во прекин. Во моментов, на депонијата има резерви од 75- 000 тони јаглен што е доволно за 10 дневно работење на активниот  термоблок. Сега,  се прави напор да се обезбеди јаглен за негово континуирано снабдување, рече на денешниот прес директорот Златко Ќурчиевски. Меѓутоа, големите багерски единици се заглавени во поплавените јагленокопи.

“Две багерски единици ни се делумно под вода. Тоа е КАУ- 300 со својот претоварен уред и 630-2 со својот претоварен систем. Таму ни се главните напори истите да ги ослободиме и транспортираме на одредена позиција за да даваат јаглен согласно потребите” – рече директорот на РЕК “Битола“ Златко Ќурчиевски.

Штом овие багери се ослободат, ќе може да се обезбеди јаглен и за вториот блок, а до  први декември, се планира активирање и на третиот блок. Штетите од поплавите, беше речено, ќе бидат платени од осигурителната компанија.

 

Петар Стефановски 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста