Адеми не е сигурен како ќе се одвива наставата, планови, размислувања, анкети, ама не и официјална одлука
На дваесетина дена пред старт на учебната година здравствените и образовните власти имаат план ама немаат стратегија за тоа дали и како ќе седнат учениците во училишните клупи. Ресорниот министер Арбер Адеми не е сигурен – дали дали ѕвончето ќе заѕвони на први Септември и под какви услови.
“Веќе е изготвен нов предлог план за тоа како ќе се одвива учебната 2020-2021 година. Планот за почетокот на учебната година од сепптември ќе се знае во следните денови. Земени се во предвид мислењата на сите засегнати во овој процес.” – oва денеска на прес-конференција со новинарите го изјави министерот за образование Арбер Адеми.
Најбезбеден услов за образовниот процес е онлајн наставата,покажа истражувањето на Меѓаши. Дури 50.8 % од анкетираните родители се изјасниле за вакво образование на нивните деца. Од друга страна 44.7 % се за комбинирана настава.
Инаку, истражувањето од МОН, Бирото за развој на образованието и УНИЦЕФ, покажалo дека за отворање на училиштата се над половина од речиси 10 илјади анкетирани директори, наставници и родители. Заклучоците од истражувањето ги изнесоа на виделина потешкотиите со кои се соочија сите учесници во образовниот процес од почетокот на пандемијата. Мнозинството наставници не успевале да стапат во контакт со некои од учениците, а работните обврски ги спречувале родителите да ги поддржат своите деца за време на учењето на далечина. На недостатоците денеска се осврна и Народниот правобранител, од каде посочија дека најпогодени биле учениците во руралните средини, од социјално загрозените семејства, како и учениците со попреченост.
Ања Василева