Протест на учениците во Струга по скандалот со професорот кој претепа средношколец

Протест на струшките средношколци,по вчерашниот инцидент кој ја вознемири јавноста, револтот кај децата не стивнува-тие денеска ја бојкотираат наставата, истурајќи го гневот поради скандалозното однесување на професорот по англиски јазик.На улица излегоа сите ученици од гимназијата “Ибрахим Темо ”-овде сме велат да ги браниме своите права, го креваме гласот против насилството и бараме професорот да заврши зад решетки,велат учениците.

Затоа тука сме собрани скоро цело школо за тој да го добие тоа што треба да го добие, а не за да биде пуштен на слобода.Нас родителите не треба да не пуштаат со страв во школо, ако се пуштит тој ние знаеме дека ќе одиме со страв на школо – рече Сара Кадриоска.

И директорката на училиштето Бесиме Јонузи разочарана од органите на прогонот,вели пред еден месец јас го пријавив во полиција,тој е конфликтна личност. Бараме вели од надлжните институции да престане неговата дејност како наставник.

Разочарана јас сум денеска бидејќи дознав од сигурни извори дека од страна на обвинителството тој е пуштен на слобода.Кој дава сигурност дека тој нема да дојде пак на школо или нема да изврши нешто друго?-прашува Бесиме Јонузи –дир.на СОУ Гимназија ‘’ Ибрахим Темо”.

Отакако вчера професорот беше приведен во полиција, денеска тој е пуштен на слобода.

Постапката завршува со обвинение, за почеток се превземаат дејствија. Обвинителството е известено за настанот, во моментов се дадени насоки и наредби за постапување до МВР за превземање на дејствија за расчистивање на настанот и потоа ќе следи одлука. Со тоа што обвинителството ја води постапката и сега е таа фаза кога се прибираат матерјални и вербални докази- велат од ОЈО Струга.

 СВР Охрид поднесе кривична пријава против професорот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство-вели за Алфа портпаролот Стефан Димоски.Кривичаната пријава во текот на денов ќе биде поднесена од основото јавно обнителство, кое треба да одлучи  дали на професорот ќе му биде изречена мерка притвор.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста