Пред три години го добивме датумот, ама и овој јуни го нема

Многупати добиениот датум за почеток на преговори и овој јуни останува само посакувана желба. Оптимистичките изјави, бројните братски прегратки и дипломатските офанзиви на македонските челници и сега пукнаа како надуван балон, оти не постојат шанси да се убеди официјална Софија да ја дигне рампата за македонските интеграции. Историските претензии на Бугарија се последни во низата причини кои не оставаат и оваа година во европската чекалница. На маса во Брисел беше отворена и опцијата Македонија да биде раздвоена од пакетот со Албанија, токму поради проблемите со Бугарија.

А само пред една година во март премиерот Зоран Заев ја соопшти големата вест оти почнуваме преговори, без никакви пречки.

-Северна Македонија почнува преговори за членство во Европската унија. Историската грешка е исправена, нема веќе никакви пречки, ниту услови. Првата меѓувладина конференција ќе се одржи што може, кажа во март Заев.

Седум месеци потоа на 11-ти октомври  премиерот  повторно објави нова вест- преговори може и да нема

-Треба да го подготвиме нашиот македонски народ дека може да не отпочне првата меѓувладина конференција, изјави тогаш Заев.

Во 2018-та година Заев, Бујар Османи, Никола Димитров и Кочо Анѓушев, во воздух ја добија радосната вест, па со фотографија од авион им честиташе на граѓаните дека е добиен датумот за преговори.

-Во авион штотуку примив одлична вест… Република Македонија доби датум за старт на преговори за членство во ЕУ!, се фалеше Заев од авион.

Датумот за преговори беше основата на која власта ја стави Македонија па беа потпишани два договори со соседите кои значеа и менување на уставното име, откажување од малцинствата и историските личности.

Одличен мегдан е нашиот историски заеднички јунак Гоце Делчев, кажа Заев.

Но токму историјата која сакаа да ја присвојат соседите денеска е главната пречка за која Бугарите ни ставија вето на европскиот пат.

Речиси истиот тим кој пред повеќе од две години од авионот од Брисел и ја соопшти радосната вест на Македонија дека добила датум од ЕУ, која подоцна испадна дека е лажна, отпатува и во Бугарија да го деблокира патот кон ЕУ што сега е заглавен во Софија. Таа лажна вест до денес е една од „историските“  што се пласираше во Македонија.

Молењето во Софија кое заврши неславно се случи на само неколку дена пред состанокот на Советот за општи работи на 22 јуни и пред Самитот на ЕУ на 24 и 25 јуни кои  треба да ја соопштат и одлуката за Македонија. Но судејќи од она што до сега се случува добивме датум за преговори ама со Бугарија.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста