Пожар во фабриката ОХИС, зафатена и малата депонија со линдан

За влакно избегната страшна трагедија. Скопските пожарникари успеаа брзо да го локализира и изгаснат големиот пожар во фабриката Охис, една од најопасните за градот Скопје. Опасноста која демнееше беше поради отровните хемикалии кои ги има или ги имала во минатото. Таму се уште, иако закопан, е опасниот линдан, чија депонија беше зафатена од пожарот. Градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, вели- дека во моментов не знае дали испарувањето од таа локација може да предизвика опасно загадување кое може да ги загрози скопјани. Тоа ќе треба да се види по теренската работа на надлежните од Министерството за животна средина.

-Линданот пред се е закопан под земја, дополнително веднаш е изгасен на тој дел од фабриката Охис. Во текот на денешниот или утрешниот ден екипа од Министерство за животна средина ќе излезе да ја евалуира целата ситуација, изјави Темелковски.

Пожарот избувна во фабричќкиот двор, но набрзо ја зафати управната зграда, На терен итно излезе екипата на противпожарната бригада од Скопје, која го локализираше огнот.

-Она што го имаме ние внатре во самиот круг, имаме горење на цели независни места, така што не би можел да кажам што е. (Дали имате информации за малата депонија со линдан?) Мора подетално да се расчисти теренот, за да може тоа да се види какви оштетувања има на лице место, изјави Звонко Томовски, заменик командир на скопската противпожарна бригада.

Покрај пожарникарите, на терен, пред и во дворот на Охис, беа присутни екипи на полицијата и брзата помош.

Пожар избувна и во дворот на фабриката Охис, беше зафатена и малата депонија со линдан како што кажа градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски. Дали има опасност по здравјето на граѓаните тек ќе се знае.

Во серијата пожари кои го зафатија Скопје, еден од поголемите беше во близина на Сарај, кај селото Раотич, каде беше и екипата на Алфа телевизија. Огнените јазици беа на недостапен терен, а со пожарот се справуваат неколку возила од Противпожарната бригада Скопје.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста