Подготвени сме за вакцинација, но никој не кажува кога

Секој ден, иста песна. Македонија чека, ама кога ќе дочека вакцини – прашање за милион долари. Србија се понуди да помогне, Филиче и покрај очигледните комплиции со бирократските процедури уверува дека нема пречки да ги добиеме договорени 8 илјади дози. Засега единствено е сигурно дека разговорите со српските власти се во тек.

“Сметам дека ние тука сосем добро можеме да го спроведеме процесот на имунузација. Благодарам на поканата, ние ќе останеме тука да ги вакцинираме сите наши граѓани. Вчера разговаравме со претставниците на Фајзер во Белград и таму се работи на двата договори, прво на нашиот драфт договор за нашите 800.000 дози и за дозволата српските власти да ги дадат фајловите за да ние ги увеземе тие 8.000 дози кои треба да ги купиме од Србија. Причината зошто процесите одат споро е бидејќи самата компанија Фајзер е под голем притисок воопшто со сите земји во светот.”  – истакна  Филипче.

За да ги добиеме вакцините од Фајзер со директен договор мора да се напарават законски измени.

“Ние и сега имаме  различни механизми, доколку сакааат може да се користи  истата измена во законот. Оваа измена не е ексклузивно  за Фајзер, туку за сите  компании кои што би сакале да вакцинираат прозивод без да имаат тука локален претставник – веледрогенија.изјави Филипче.

И преку Ковакс системот, нема да биде лесно, судејќи според  изјавите на челниците на ЕУ. Претседателката на европската комисија по самитот на ЕУ на кој се зборуваше и за вакцинацијата, не можеше да каже конкретен рок кога земјите од западен балкан ќе добијат поголеми количини на вакцини.

“Очигледно е дека преку Ковакс механизмот во моментов е тешко да се набават вакцини, па затоа воведуваме нова „рута“, односно механизам во ЕУ за набавка на дози преку земјите членки, кои потоа ќе можат да ги донираат на трети држави, како на пример, во соседството на Западен Балкан.” – изјави Урсула Фон Дер Лајен, претседателка на Европската Комисија

Од Агенцијата за лекови МАЛМЕД не сакаат да коментираат за тоа која е разликата помеѓу добивањето на вакцини преку интервентен увоз и регистрирани вакцини – потенцирајќи дека немаат прецизни детали од страна на Министерството за здравство.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста