Почина Бранка Станковска

Легендарната ТВ и радио спикерка Бранка Станковска почина денеска на 90 -годишна возраст, потврди нејзиното семејство.

-Тивко во сон си замина мојата баба Бранка Станковска. Дочека да биде и чукунбаба, имаше убав живот, изгледа внуци, правнуци и праправнука. Имам прекрасни спомени од неа, можеби затоа што бев прва внука па бев привилегирана од мала да поминувам повеќе време со неа. За работата што да напишам, беше вистински професионалец дури и по нејзиното пензионирање беше активна и се уште може да се слушне нејзиниот глас на радио програмите. ТОЧНО Е 12.00 часот. Почивај во мир бабо и после многу години ќе се сретнеш со својата единствена и голема љубов, дедо Бошко!, објави на ФБ нејзината внука Ирина Костовска.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста