Наставниците од прво до трето одделение немаат земено ниту денар плус што во ковид кризата работат двојно повеќе, од МОН велат пари за оваа намена има

Наставниците не видоа ни денар повеќе за дополнителните работни часови изминатото полугодие. Вишок на работни задачи се регистрирани кај просветните работници од прво до трето кои имаат повеќе ученици, па поради тоа мора да ги поделат во групи. Од Независниот синдикат за образование алрамираат дека повторно наставниците се извисени.

Наставниците сега работат дупло а за тоа ништо не им е платено, затоа што една паралелка е поделена на две групи. Ние сите се солидаризираме и со родителите и со ученциите, за да не трпи штета образовиот процес. Иако МОН тврди дека на општините им се пуштени дополнителни средства за оваа немена, со кои пари би ги платиле овие наставници во вид на награда или хонрар, но јас немам информации дека тоа е спроведено во некои училишта.” – вели за Алфа, Фатмиф Мустафа, потпретседател на НСОН.

Според првиот човек  на синдикатот Томислав Гиевски, за вакво игнорирање на просветните работници од страна на надлежните треба да се блокираат училиштата.

“Имаме проблем, не ме плаќаш еднаш ти кажувам, два пати ти кажувам – па ги затвораме училиштата. Да ги молиме за наши пари..за нешто што ни дале задача. Треба да се солидаризираме за децата и не сме направиле никаковп проблем.Наставниците од дома компјутери носеа..кој доктор носи од дома алат за операција? Не ставаат во ситуација каде што најмалку не почитуваат.” – вели Гиевски.

Од МОН уверуваат, пари има за оваа намена. Ама не се јасни дали парите легнале онаму каде треба.

МОН уште во месец октомври испрати писмо до сите училишта дека за наставниците кои извршуваат работни задачи повеќе од полното работно време треба да им се исплати надоместок за прекувремена работа, за што обезбедени се и блок дотации за општините. И во услови на пандемија за 2 % се зголемени средствата за блок дотации за основно и средно образование и обезбедени се дополнителни 122 милиони денари, со цел континуирана исплата на плати и исплата на прекувремени часови на наставниците.велат од МОН за Алфа.

Над 1.000 наставници чекаат надокнада за прекувремена работа, покажуваат анализите. Грубите пресметки покажуваат дека, еден наставник за дополнителните часови треба да добие плус 5.000 на нето, односно до 8.000 денари на бруто платата.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста