Починатата 24-годишна пациентка немала хронични болести

Дваесет и четиригодишната пациентка од Јегуновце, која денеска почина од Ковид 19 на скопската Инфективна клиника, немала никакви хронични болести, само била донесена со тешка клиничка слика.

Та оваа клиника таа била донесена на 28 јуни, а претходно се лекувала два дена во Тетовската болница, каде дошла по една недела домашно лекување од ковид-19. Таа не била ставена на респиратор.

За првпат откако почна корона кризата во државата можеше да се забележи толку млада пациентка да почине од опасниот вирус.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста