Се урива бетонската база на охридскиот бизнисмен и советник од ДУИ од Охрид, Нефи Усеини
Се урива бетонската база која контроверзниот советник од ДУИ, Нефи Усеини ја изгради пред една година недалеку од брегот на Охридското езеро на имот кој за таа намена му го отстапи Исламската верска заедница.
Усеини кој не сакаше да зборува пред камера, вели дека базата за урива сам, иако на терен имаше екипи од градежниот инспекторат и механизација која доцна попладнево почна да го расчистува заштитениот појас на кој беше послана бетонската база.
Како човек кој целиот свој живот инвестира и како човек коп политиката и актуелен советник во општна Охрид, веќе една година чувствувам голем товар и огромен притисок од јавноста бидејќи непотребно сум обвинуван и посочуван како главен виновиник за тоа што постоеше опасност Охридскиот регион статусот на Унеско – пишува во соопштението кое го подготвил Усеини. Тој смета дека јавноста била критички настроена само кон него и неговото семјество.
„На градоначалникот Георгиески и останатитенадлежни иституции треба да им биде јасно дека крајбрежјетои голем дел од заштитените зони, долги години наназад и во овој момент беспаправно се злоупотребуваат од страна на стотици фирми и поедници. Затоа упатувам апел до надлежните да постапуваат неселтивно во овој процес, само така ќе покажат дека нема лицемерие и тајни договори и дека вистински како држава и општина сме насочени кон исполнувања на барањата на Унеско“, вели Усеини.
Усени сега јавно го прозва градоначаникот и општината да одговоарат на неговот барање и да изнајдат решении да им понудат нова локација за сите бетонски бази кои се нелагално поставени, без соодветна документација и одборение, за да можат легални да ја извршуваат оваа дејност – стои во соопштението кои ни го подели Нефи Усеини чија бетонска база, во јавноста се шпекулира дека ќе биде дислоцирана на Мауцкер – локација за која своевремен имаше нацрт план за индустириска развојна зона.
Росица Голабоска