Пo паѓањето на потпорниот ѕид во Пржино: Градежни инспектори ќе одлучуваат дали градењето треба да продолжи

Не стивнува тензијата меѓу инвеститорот и жителите од населбата Пржино, каде на крај на слепа улица треба да никне зградата, и по синоќешната катастрофа кога се урна потпорниот ѕид. На градилиштето денеска работата си продолжи. Треба да изгрдаи 4-катна зграда со 16 станови.  Жителите исплашени и вознемирени утрово пред камерата на Алфа.

-Вчера околу 18 часот, нешто пред 18 часот, се слушна прво шумолење како одрон, и наеднаш почна да се слушна паѓање лимови, одрон, истрчавме да видиме што се случи. Имаше само голем облак од прашина- вели Кристина Димитрова- жител на ул.Пржино.

И не е само зградата проблем, туку жителите реагираат и за тесната и одвај проодна улица што и за нив не е доволна а треба да е единствен  пат и до новиот објект.  Проблем е и канализацијата. Стара е и нема да издржи дополнителни приклучоци, стравуваат жителите.  

Се бориме колку што можеме, меѓутоа изгубивме битката за која што е се наместено и подмачкано. Ѕидот подна и покрај неколку дневно убедување со инвеститорите дека ќе им падне затоа што не се копа така. Со кој памет некој би купил тука стан, затоа што нема да му дозволиме од оваа улица, иако сакаат од тука да го имаат влезот -рече Аце Антевски-жител на ул.Пржино.

Приказната има и друга страна. Инвеститорот пред нашата камера објаснува дека урнатиот потпорен ѕид е многу стар, па затоа се случила вчерашната несреќа. Ќе бил направен нов. Но градењето ќе си продолжи.

Кога дојдовме тука видовме голем одрон, штетата може да ја забележите со камерата, сега го санираме тој дел, ќе биде уште појако направено,нема од надворешна страна нешто оштетување, само бандерата и тоа е -вели за Алфа Атнас Исајловски-инвеститорот.

Изутрината на увид дошле општински инспектори, се чека нивниот извештај за тоа дали треба градењето да продолжи.  За сега од општина Кисела вода нема одговор што е заклучокот на инспекторите.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста