По цели седум гоини, власта пред избори се „Разработи“: Македонија ќе ја средува како Швајцарија

По цели седум гоини, власта пред избори се „Разработи“: Македонија ќе ја средува како Швајцарија

Нови ригорозни мерки против пушење, хеликоптер што пренесува болни, среден споен Клинички со еден директор, камери ќе ловат сообраќајни прекршоци, специјални полициски пресретнувачи по автопатите, власта после речиси седум години ќе ја средува Македонија по швајцарски терк.

Нормално, цакум пакум средена држава носи бенефит најмногу за граѓаните, но тешко дека и овие проектио ќе се спроведат, така што залудни се обидите на власта да ќарат некој политички поен, пред се и бидејќи државава тоне во корупција и скандали.

Министерот за здравство Фатмир Меџити на неколку месеци пред избори одлучи да го средува хаост во клиничкиот центар. Но, не само тоа, тој им порача на пушачите нека му ја мислат следната година поради новите ригорозни мерки, а заедно со министерот Спасовски се пофалија дека обезбедиле транспортен хеликоптер за болни. Сите овие потези се добродојдени за граѓаните без разлика која власт ги воведува, но после седум години ако се уште постои хаос, тогаш власта самата си го направила, па сега ќе средува, појаснува Пекевски.

Спасовски пак, по трет пат е министер за внатрешни, но сега се сети дека камерите на Сејф сити можат да ловат прекршоци и да се воведе ред во сообраќајот. Кога ќе се случи надградбата, а кога ќе ги видиме резултати од изумот на Спасовски кој во Европа одамна беспрекорно функционира.

Спасовски се пофали и за резултатите од нелегална шумска сеча, откако само изминатата година има околу 200 кривични пријави за пеплосувањето на македонските шуми, а од 2020 досега, над 3100 правосилни пресуди за незаконска сеча на шумите. Спасовски министерското столче го грее со години, но сечата како и сообраќајхниот хаос допрва ќе го средува.

Корупциски скандали во кои тонат челниците од власта, судство со резултати нула од нула, сиромаштијата, ценовниот шок. Сето ова е резултат на работата на властодршците во Македонија кои предизборно очигледно имаат обид да ја реформираат и доближат до Европа.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста