Пастрмката и белвицата во Охридското езеро пред изчезнување

Охридската пастрмка и белвицата да се прогласат за загрозени видови и да се стават на црвената европска и светска листа како ендемични риби пред истребување. Охридското езето да не се издава под концесија за стопански риболов во наредните 10 до 15 години,а потоа да се утврди точната популација на пастрмката,дасе направат нови риболовни основи со кои ќе се дозволи само онолкав улов кој нема да го наруши езерскиот екосистем и опстанокот на пастрмката и белвицата-предлагаат спортските риболовци,кои отворено кажуваат дека дневно од страна на рибократците се изловиваат од 500 кг до 1 тон риба.

  • Како тоа концесионерот за стопански рибилов, ако се додели концесија, ќе го штити рибниот фонд кога сега за време кога нема концесија,само од страна на рибократците се фрлаат неколку километри мрежи, а додека ако се додели концесија за стопански риболов концесионерот има право да фрла повеќе од 30 км мрежи само од еден вид риба, односно може да го прегради езерото од Струга до Свети Наум.Така да ова ни личи нас, ако се додели концесија за стопански риболов- да му се дозволува на волкот да го штити трлото-вели Радован Димитриески-С.Р.Д. “Свети Апостол Павле”.

Во услови кога нема концесионер, државата е должна да го штити езерото преку државниот инспекторат за земјоделство и полицијата, затоа што недозволениот рибилов е кривично дело согласно член 229 од К.З.Наместо тоа, полицијата не поднела ниту една кривична пријава против познат сторител,вели Димитриески кој сугерира да се формира и специјална рибарска полиција.И нуркачите предлагаат да се превземат крајно ригорозни мерки за да се спречи ,како што велат геноцидот врз пастрмката.Подводните снимки и тоа од само неколку локации се ужасни.

Таа слика ние што ја гледаме додека нуркаме и го забележуваме ова е навистина трагична, рибите се заглавени во мрежите дури и со денови не можат да се хранат и не можат да се репродуцираат.Имаше мислам дури како завеси огромни дури на 40 метри длабочина имаше голем број на мрежи кои многу беше тешко да се отстранат-рече Јован Секулоски-Н.Ц. “ Амфора”.

“Извадиме над 230 мрежи потонати со вкупна должина од 12 колометри, а тоа  е речиси доволно Охридското езеро да се помине во една хоризонтална линија.Станува збор за огромна бројка мрежи во кои имаше остатоци од секаков вид риба”-вели Секулоски. Силни критикуваат и граѓаните:

-“Го сотреа езерото, а полицијата каде е ? 5-те нови глисери на полицијата за украс се?

Што е тешко да се пикнат во затвор два тројца рибари? Кој да ги пикне,едни со други се штитат.Едните ловат,другите ги штитат.Лапаат пари тие што треба да дадат налог да ги гонат”-ова се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста